Манчестер Јунајтед подготвува вистинска револуција на клупата

Манчестер Јунајтед не ја започна добро оваа сезона, со 5 поени, една победа, две ремија и два порази во првите пет кола и се наоѓа моментално на 12-то место.
Она што ја прави ситуацијата по драматична е фактот дека „Црвените Ѓаволи“ загубија поени од противници кои не се сметаат за нивно ниво како Фулам, Хал Сити, Ипсвич Таун и Евертон. Исклучок е поразот во дербито против Ман. Сити.
Исто така, елиминацијата од Лига купот по поразот 2-3 од Брајтон дополнително ја влошува состојбата. Во оваа ситуација, позицијата на Мајкл Карик е во опасност.
Раководството на Ман. Јунајтед веќе има избрано потенцијален наследник на Карик. Станува збор за Антонио Конте. Италијанскиот тренер ужива силна репутација во Премиер Лига, по своите периоди во Челси и Тотенхем Хотспур. Конте претставува тактичка гаранција која се совпаѓа со очекувањата на раководството на „Црвените Ѓаволи“.



