SportM
Фудбал

Марота: Не е случајност што на две квалификации не елиминираа Македонија и Босна

SPORTM.mk18 ное 2026
Марота: Не е случајност што на две квалификации не елиминираа Македонија и Босна

„Интер Милано е еден од ретките случаи кога инвестиционен фонд доаѓа во Италија и не го менува правецот на клубот. Тоа е чин на интелигенција. Сопственоста е присутна секојдневно и имаме можност да дискутираме заедно. Така успеавме да изградиме победнички Интер Милано.“

Ова го изјави претседателот на Интер Милано, Џузепе Марота, на акцијата „RCS Sport Industry Talk“, кој продолжи: „Со гордост велам дека минатата сезона го освоивме првенството и Купот на Италија, додека втората година по ред го завршивме финансискиот биланс со профит. Максимата ‘што повеќе трошиш, толку повеќе добиваш’ не важи секогаш. Понекогаш компетентноста ги компензира финансиските инвестиции. Целта е да создадеме вистинска комбинација за да ги постигнеме нашите цели и позитивни резултати. Ќе продолжиме со овој модел.“

Говорејќи за Серија А, Марота нагласи дека странските сопственици помогнале на италијанскиот фудбал. На крајот, тој ја анализираше кризата на италијанската репрезентација: „Тешкотиите не се само затоа што ние сме паднале во ниво и квалитет, туку и затоа што другите се подобрија. Конкуренцијата треба да се гледа и од овој аспект. Не е случајност што на две последни квалификации не елиминираа Македонија и Босна.“

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.