Матеус против Јамал и Мбапе: Еве кој ја заслужува „Златната топка“ за оваа година

Лотар Матеус се вмеша во дебатата за „Златната топка“ 2026, избирајќи го Хари Кејн како фудбалер кој, според него, најмногу ја заслужува наградата. Германската легенда зборуваше во неговата рубрика на „Скај Спорт ДЕ“, пред церемонијата на 26-ти октомври во Лондон.
За Ламин Јамал, германецот рече: „Тој е извонреден играч, но, и покрај големиот успех, ова не беше неговата година. На Светското првенство со Шпанија беше еден од многуте играчи и не го достигна нивото што го покажал претходно и што повторно го покажува оваа сезона“.
Германецот призна дека Јамал има шанси, додека за Килијан Мбапе додаде: „Титулите имаат одлучувачка улога. Затоа ги гледам шансите на Јамал подобри од оние на Мбапе, кој оваа година не освои ништо со Реал Мадрид или Франција“.
На крај, изборот на Матеус беше Хари Кејн, добитник на „Златната копачка“ на Европа, автор на голови на Светското и Лигата на шампионите и победник на два трофеи со Баерн Минхен: „Освен отсуството во финалата на Светското и Лигата на шампионите, имаше извонредни настапи и, според мене, немаше ниту еден момент на пад“.



