SportM
Фудбал

Мбапе постави свој рекорд во Ла Лига

SPORTM.mk17 сеп 2026
Мбапе постави свој рекорд во Ла Лига

Килијан Мбапе продолжува да создава посебни статистики во шпанскиот фудбал. Со голот постигнат против Елче во победата од 3-2 на Реал Мадрид, францускиот напаѓач го комплетираше „колекцијата“. Поточно, тој постигнал гол против сите 23 екипи со кои се соочил во Ла Лига.

Станува збор за 23 различни противници, уште еден показател за неговото влијание од неговиот трансфер во Реал Мадрид. Најомилен противник на Мбапе е Реал Сосиедад. Во 4 натпревари против Баските, Французинот постигнал вкупно 7 гола. Потоа следува Виљареал, против кој Мбапе постигнал 5 гола.

На следното место се Рајо Ваљекано и Барселона, двете екипи против кои бројот 9 од Реал Мадрид постигнал по 4 пати.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.