SportM
Фудбал

Мбапе: Заврши адаптацијата, сега подобро ги разбирам другите!

E R23 дек 2024
Мбапе: Заврши адаптацијата, сега подобро ги разбирам другите!

Фото: tv21m

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се осврна на победата над Севиља (4:2) во 18. коло од Ла Лига. Французинот постигна гол и асистенција.

– Реал играше многу добро, многу се подобривме во последните неколку месеци. Чувствувам дека навивачите беа воодушевени по натпреварот, како и ние. Многу работи се променија во тимот од моето доаѓање. Но, како што рече тренерот, адаптацијата е завршена. Се чувствувам одлично, почнав подобро да ги разбирам другите, изјави Французинот за „As“.

Реал Мадрид има 40 бодови и се наоѓа на второто место на табелата во Ла Лига.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.