SportM
Фудбал

Мектоминај го надмина Кристијано Роналдо со „ножичките“ (ВИДЕО)

E R21 ное 2025
Мектоминај го надмина Кристијано Роналдо со „ножичките“ (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Фудбалерите на Шкотска во последното коло од квалификациите ја совладаа Данска со резултат 4:2 и се пласираа на Светското првенство, а голот на Скот Мектоминеј беше вистинско ремек-дело.

Шкотска поведе веќе во 3. минута кога Бен Доак нафрли од десната страна, а Мектоминеј мајсторски со „ножички“ ја погоди мрежата на Каспер Шмајхел.

Тој погодок го трасираше патот на Шкотска кон Светското првенство, која го доби натпреварот со 4:2, а педантните статистичари пресметале дека Мектоминеј ја удрил топката на висина од 2,53 метри.

За каков импресивен подвиг станува збор, доволно зборува податокот дека тој за 18 сантиметри го надминал прочуениот потег на Роналдо од четвртфиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2017/2018.
Роналдо тогаш во Торино против Јувентус постигна гол со „ножички“, а топката ја удри на висина од 2,35 метри. Се чинеше дека тој потег никој не може да го надмине, и навистина не беше — сè до мајсторијата на Мектоминеј, која ќе остане запаметена како еден од најдобрите погодоци во историјата на квалификациите за Светското првенство.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.