Менаџерот на Фјури потврдува: Дуелот со Џошуа 100% сигурен, еве ги последните детали од договорот

Менаџерот на боксерот Тајсон Фјури, Спенсер Браун, потврди дека е 100% сигурно дека дуелот со Ентони Џошуа ќе се одржи оваа година. Дури и Кардиф (Шкотска) се појавува како можност за одржување на оваа голема борба меѓу двата британски боксери.
Ова големо британско соочување, кое долго време се очекува, запна во преговори во текот на последните месеци поради очигледно несогласување околу местото на одржување на настанот. Екипата на Џошуа инсистираше да се одржи во Обединетото Кралство, додека и Њујорк беше можност.
Спенсер Браун е убеден дека дуелот ќе се одржи токму во родната земја, можеби во месец декември. „Се приближуваме се повеќе и повеќе и изгледа дека би можел да биде тој голем британски боксерски спектакл кој сите се надевавме да го видиме во Британија,“ изјави Браун за „Sky Sports“.
„Се разгледуваат уште три локации, каде што Кардиф и Вембли остануваат во трка. Ситуацијата изгледа ветувачки; Тајсон се согласува да се соочи со ЕЈ од самиот почеток и е подготвен да се бори со него каде било”, изјави менаџерот на Фјури.
„Во игра се и ноември и декември, но ние го преферираме декември како опција. Луѓето ќе ги завршуваат работите пред празниците и тоа би било најдобрата Божиќна забава во светот. Јас сум 100% сигурен дека дуелот ќе се одржи”, рече тој.
Понатаму, Браун изјави: „Преговорите продолжуваат; Еди Хирн и Франк Ворен се согласни, но јас имам целосна доверба дека ќе успееме. Секако, последниот збор го имаат Турки Ал-Шеик, Нетфликс и СЕЛА, но сме на добар пат да го реализираме.“
Поврзани вести

Антонели: Во Мадрид победивме и со малку среќа, во Ф1 мораш да го искористиш секој момент во своја корист

Махачев го предизвикува МекГрегор на боксерски дуел: Подготвен сум да се борам со него во рингот, парите не ме интересираат

