SportM
Фудбал

Меси би можел да се врати во Европа, на позајмица до крајот на сезоната?!

E R20 дек 2024
Меси би можел да се врати во Европа, на позајмица до крајот на сезоната?!

Фото: tv21m

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси може да ја продолжи кариерата во Англија, пренесува „Tuttosport“.

Според британскиот медиум, Манчестер сити е во конкуренција за ангажман на 37-годишниот Аргентинец.

Забележано е дека тренерот Пеп Гвардиола сака да го види Меси во својот тим. Сити би можел да го ангажира напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната.

Косопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, не е против да го пушти играчот да си оди доколку самиот Меси е заинтересиран за овој трансфер. Како што е познато во МЛС лигата има пауза, додека во Европа се играат мечеви. Па, не би било чудно доколку Меси одлучи да дојде во Сити на шест месеци, за да остане во форма.

Гвардиола и Меси претходно работеа заедно во Барселона од 2008 до 2012 година.

Минатата сезона Меси одигра 22 натпревари во МЛС, на кои постигна 21 гол и 11 асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.