SportM
Фудбал

Меси е ѕвер, промаши пенал, а потоа нови два гола, вкупно пет на ова Светско првенство

Редакција22 јун 2026
Меси е ѕвер, промаши пенал, а потоа нови два гола, вкупно пет на ова Светско првенство

Во натпреварот од второто коло од групата Ј на Светското фудбалско првенство, Аргентина обезбеди пласман во нокаут фазата со победа вечерва над Австрија од 2-0, а двојниот стрелец Лионел Меси постави нов рекорд според бројот на постигнати голови во историјата на светските првенства.

Откако во 9. минута промаши пенал, Меси го донесе актуелниот светски првак во водство во 38. минута, а стави печат на победата во судиското продолжение на натпреварот во Арлингтон.

Со хет трикот од дуелот со Алжир во првото коло и двата гола на вечерашниот дуел, аргентинскиот капитен дојде до бројката од пет голови на ова Светско првенство, а вкупно рекордни 18. на мундијалските турнири.

Меси сега е најдобриот стрелец во историјата на светските првенства, а своите 18. голови ги постигна на вкупно 28. натпревари.

Аргентина води на табелата во групата Ј со максимални шест бодови пред дуелот од последното трето коло против Јордан на 28 јуни

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.