Меси: Сакав целата кариера да ја поминам во Барселона, ама…
E R20 ное 2025

Фото: tv21m
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, откри дека планирал целата кариера да ја игра за Барселона.
– Сакав целата кариера да ја поминам во Барселона, никогаш да не одам никаде на друго место. За жал, работите се одвиваа поинаку. Овој клуб останува мој, моето семејство, мојот дом, изјави Меси за „Sport.es“.
Аргентинецот играше за Барселона од 2000 до 2021 година. Тој е водечки стрелец на клубот на сите времиња, со 672 гола на 778 натпревари во сите натпреварувања. Има и 303 асистенции.
Откако го напушти каталонскиот клуб, Меси играше за ПСЖ, а сега е член на Интер Мајами.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



