Меси со кренат прст кон судијата: Обраќајте ми се како што треба!

Фудбалската репрезентација на Аргентина обезбеди уште едно полуфиналето на Светското првенство – откако по 120 минути игра ја совлада Швајцарија (3:1), во борбата за финалето ќе игра против Англија.
Овој натпревар ќе го привлече вниманието на целата планета, а ќе има и такви кои ќе зборуваат за судиските одлуки што доведоа до пресметката меѓу Аргентина и Англија.
На победата на Англичаните влијаеше „чипот“, односно сензорот кој го детектира секој контакт со топката, додека Аргентинците добија голема помош од ВАР-технологијата која донесе исправна одлука, но можеби не беше целосно правилно користена. Поради тие детали, на многумина им избега сериозната расправа што Лионел Меси ја имаше со главниот арбитар, португалскиот судија Жоао Пињеиро.
„Ве молам, обраќајте ми се како што треба. Немојте да не ме почитувате – јас вам ви се обраќам со максимална почит“, наводно му рекол Лионел Меси на главниот судија на натпреварот во една ситуација, со подигнат прст кој сигнализирал закана.
Имаше повеќе моменти во кои капитенот на репрезентацијата на Аргентина му приоѓаше на главниот судија, но нивната кратка расправа немаше последици.



