Милан има интерес за Бруно Фернандеш, но има три поважни приоритети за јануари

Милан е еден од клубовите заинтересирани за евентуален трансфер на Бруно Фернандеш, откако Португалецот изгледа дека конечно решил да си замине од „Црвените ѓаволи“. Неговите договорни обврски завршуваат на крајот од сезоната, со опција за обновување на уште една година, но засега нема зелено светло и изгледа дека односот меѓу играчот и клубот е затегнат. Во таква ситуација, неговото заминување од „Црвените ѓаволи“ изгледа многу веројатно.
Од друга страна, се очекува Милан повторно да биде активен на јануарскиот пазар, но потег за Бруно Фернандеш не е моментално на агендата на црвено-црните. Наместо тоа, Милан се надева да доведе нов централен дефанзивец, каде што името на Гонкало Инасио е едно од најчесто споменуваните за трансфер кон „Сан Сиро“ во зимскиот период.
Кориере дело Спорт тврди дека Милан ќе бара во јануари и нов играч за крилните позиции. Првенствено некој што може да игра на двете страни, поради долгите повреди на Алексис Салемаекерс и Самуел Чуквезе.
Третата поставена цел за јануарскиот пазар е доведување на централен напаѓач. Некои од најспоменуваните имиња се Ендрик Фелипе, Николо Трезолди, Ермедин Демировиќ и Пол Менди.



