Милан не му ја продолжи позајмицата, Челзи не го сакаше назад, тој отиде кај Роналдо за 17,5 милиони евра годишно!
E R29 јул 2025

Фото: tv21m
Саудиски Ал-Наср официјално го објави попладнево трансферот на 25-годишниот португалски репрезентативец Жоао Феликс од редовите на лондонски Челзи.
„Тука сум да донесам радост. Ајде да победуваме заедно“, ја пренесе прес-службата на Ал Наср изјавата на Феликс на социјалната мрежа Икс.
Претходно, медиумите објавија дека почетната трансферна цена ќе изнесува 30 милиони евра, а со дополнителните бонуси износот би можел да се искачи на 50 милиони евра.
Феликс дојде во Челзи од Атлетико Мадрид во летото 2024 година, а втората половина од минатата сезона португалскиот напаѓач ја мина на позајмица во Милан.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



