Фудбал
Милан се спасуваше од пораз, Џенова промаши пенал во 99-та минута (ВИДЕО)
Милан одигра само 1:1 на домашен терен против Џенова, но може да биде среќен со овој бод, бидејќи во 99-та минута Санчиу промаши пенал и не успеа да обезбеди победа на гостите. Претходно, иако Милан беше далеку подобар противник, имаше многу шанси, сепак голманот на гостите Леали беше главниот виновник што неговата мрежа мируваше. Промашувањата Џенова ги казни преку Коломбо во 28-та минута.
Милан повторно пристисна, се редеа шанси, но Леали успеа да „фати“ се што шутнаа кон неговиот гол. Конечно, голманот на Џенова капитулираше во судиското надополнување односно во 92-та минута кога Леао погоди за 1:1. По ова, веќе во следната акција беше досуден пенал за Џенова, следеше бурна реакција на домашните играчи, па жолти картони за Леао, Томори и Павловиќ, а за нивна среќа Станчиу во 99-та не успеа да погоди од белата точка.