SportM
Кошарка

Адетокунбо со рекорд!

E R9 јан 2025
Адетокунбо со рекорд!

Фото: tv21m

Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо го оствари својот 432-ри дабл-дабл во регуларниот дел од сезоната во НБА натпревар. Ѕвездата на Бакс ноќеска против Сан Антонио постигна 25 поени и 16 скока.

Триесетгодишниот грчки спортист постави клупски рекорд во оваа статистичка категорија претекнувајќи го Карим Абдул-Џабар.

Адетокунбо исто така е на првото место по поени, скокови, асистенции, блокади и одиграни минути во историјата на Бакс.

Милвоки го победи Сан Антонио со 121:105 и со биланс 19-16 (победи-порази) се наоѓа на 5.есто во Источната конференција на НБА-лигата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.