SportM
Кошарка

Милвоки го освои НБА Купот, Адетокунбо МВП (ВИДЕО)

E R18 дек 2024
Милвоки го освои НБА Купот, Адетокунбо МВП (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо со трипл-дабл го предводеше неговиот тим до трофејот во НБА Купот.

Во финалето Бакс ноќеска во Лас Вегас ја победија Индијана со резултат 97:81, а Гркот постигна 26 поени, забележа 19 скока и 10 асистенции.

– Ова е одлично, големо достигнување за нашиот тим. Се подобруваме. Знаеме дека го напуштаме Вегас во уште подобро расположение како тим отколку кога пристигнавме овде. Многу сум горд на момците. Многу сум горд на овој тим. Но, работата сè уште не е завршена, изјави Адетокунбо за „ESPN“.

Триесетгодишниот напаѓач беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на НБА Купот.

НБА Купот се одржа по втор пат. Минатата година трофејот го освои Лос Анџелес лејкерс.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.