Минам низ една од најтешките периоди во мојата кариера, ми недостига да играм и работам за да се вратам

„Имам 28 години и веќе имам извесно искуство во фудбалот. Имам поминато низ неколку тешки моменти, особено два од нив сега ми се на ум“,
така ја започнува својата изјава капитенот на Јувентус, Мануел Локатели во разговор со навивачите на „бјанконерите“.
„Она низ кое поминувам сега е едно од најсложените, бидејќи имам повреда на коленото и морам да бидам подалеку од теренот подолго време. Друг момент беше кога не успеавме да се квалификуваме за Светското првенство“, вели Локатели.
„Го доживувам животот на сосема поинаков начин. Се чувствувам добро во смисла дека тренингирам правилно, особено во теретаната“, додава „бјанконериот“ играч од средниот ред, чиј повраток на теренот се очекува во првите месеци од 2027 година.
„Знам дека треба да бидам трпелив. Многу ми недостига да играм фудбал, навистина многу, но научив да ја прифатам ситуацијата и треба да го дадам максимумот за да се вратам во добра форма“, изјави Мануел Локатели.



