SportM
Фудбал

Миовски постигна гол со ножички (ВИДЕО)

E R12 дек 2025
Миовски постигна гол со ножички (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец во дресот на шкотскиот тим Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски постигна гол за својот тим во поразот на својата екипа. Миовски мрежата на домашниот голман на Ференцварош ја затресе во 27.минута на атрактивен начин со „ножички“. Миовски на теренот беше до 67.минута кога беше заменет.

Глазгов Ренџерс загуби со 2:1 на гостувањето кај Ференцварош во 6.коло од УЕФА Лига Европа.

За македонскиот репрезентативец ова беше втор натпревар во низа на кој постигнува гол откако во саботата во натпревар од Шкотската Премиер лига постигна два гола против Климанрок.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.