SportM
Фудбал

Млад голман убиен, не можеле да соберат пари за откуп од киднаперите, сакал само да биде професионалец, ама го измамиле!

E R20 окт 2025
Млад голман убиен, не можеле да соберат пари за откуп од киднаперите, сакал само да биде професионалец, ама го измамиле!

Фото: tv21m

Страшна трагедија го погоди Сенегал откако младиот голман Чеих Туре беше убиен, затоа што неговите родители не успеале да соберат доволно пари за да ја платат откупнината на киднаперите.

Сенегалската заедница е во жалост откако во саботата беше потврдена смртта на 18-годишниот голман Чеих Туре. Начинот на кој беше измамен е навистина тажен.

Младиот Туре го живееше својот сон – да стане професионален голман, и на тој пат беше убиен. Киднаперите го намамија откако му се јавија со лажна понуда за професионален договор.

Голманот на Еспри Фут Јембеле добил понуда преку интернет од наводни менаџери кои требало да го однесат на проба за потпишување договор. Всушност, се работело за вооружени изнудувачи кои го заробиле како заложник.

Потоа од неговото семејство била побарана откупнина за негово ослободување, но напорите на семејството да ги соберат парите биле залудни. Криминалците ја оствариле својата закана и го убиле тинејџерот.

Голманот бил пронајден мртов во Гана, а сенегалските власти, во заедничка акција со колегите од Гана, започнале истрага.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.