Младинците на Брера Струмица елиминирани од ЛШ, пораз од 9:0

Фудбалерите на АП Брера Струмица го вечерва настапот во младинската Лига на шампиони, откако вечерва и на реваншот во Германија во рамки на 2 квалификациско коло загуби убедливо од германски Хофенхајм со 9-0.
Брера допатува на реваншот во Хофенхајм со негатива од 3-0 од првиот натпревар во Струмица, а германскиот тим и на домашен терен покажа дека е супериорен во пресметката со македонскиот младински фудбалски првак.
Крета во 5 минута му донесе водство на домаќинот, по што Крамер два пати се запиша во листата на стрелци (12, 27), а до крајот на полувремето Хофенхајм поведе и со 4-0 со голот на Дугду (42).
Хофенхајм продолжи во ист стил и во второто полувреме и со головите на Бругман (54), Хасвелд (59, 63), Мес (83) и Појатос (86), дојде до убедлива победа.
И покрај двата порази, фудбалерите на Брера Струмица имаа забележителен настап оваа сезона и станаа првиот македонски клуб што мина квалификациско коло во младинската Лига на шампиони на УЕФА.



