SportM
Фудбал

Модриќ по мечот со Панама кренат на раце: Не можев ни да сонувам за ова (ВИДЕО)

Редакција24 јун 2026
Модриќ по мечот со Панама кренат на раце: Не можев ни да сонувам за ова (ВИДЕО)

Лука Модриќ, по својот 200-ти настап за хрватската репрезентација и победата од 1:0 над Панама на Светското првенство во Торонто, во која играше до 81-та минута пред 43.000 навивачи, за ХТВ изјави:

-Му благодарам на Бога, дојдовме до три исклучително важни бода. Претходниот јубилеј, стотиот, не беше баш среќен (реми против Финска во 2017 година во квалификациите за Светското првенство, последен натпревар пред доаѓањето на Далиќ), овој е. Да се достигнат 200 натпревари во најубавиот дрес е нешто неверојатно, горд сум поради тоа, изјави Модривќ притоа додавајќи:

-Победата беше извојувана малку на мускули, како да игравме во некаков грч, не бевме опуштени, ја знаевме важноста на натпреварот и тоа се чувствуваше. Како што одминуваше натпреварот, имавме добри моменти. Оваа победа ќе ни помогне во однос на самодовербата, за да бидеме уште подобри. Се надевам дека овој натпревар ќе го промени тоа – продолжи тој.

По натпреварот му подготвија специјални маички и го фрлаа во воздух во чест на јубилејот.


-Нешто неверојатно, да се достигнат 200 натпревари во најдрагиот дрес ме прави многу горд и среќен. Не можев ни да сонувам дека ќе дојдам до таа бројка. Одиме понатаму, им благодарам на навивачите за прекрасната поддршка, благодарам на сите за честитките, благодарам на сите кои поминаа со мене низ овие 200 натпревари. Сигурно ми помогнаа, од тренерите и сегашните и поранешните соиграчи, до сите што го сочинуваат животот во репрезентацијата, благодарам на сите – заклучи Лука.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.