Модриќ: Сакам да се вратам во Мадрид!

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ, истакна дека неговиот сегашен клуб му бил омилен како дете кога гледал италијански фудбал.
– Милан е еден од најдобрите клубови во светот. Тоа е историски клуб кој можеби не ги постигнал резултатите на кои сите се навикнати во последните години, но тоа не менува ништо, останува одличен клуб и еден од најомилените во светот. Тоа е една од причините за мојот избор. Гледав италијански фудбал како дете, а Милан беше мојот омилен тим. Кога се појави оваа можност по Реал Мадрид, не се двоумев ниту секунда.
Не сакам да се вратам во Реал Мадрид само заради тоа да бидам таму. Сакам да работам и да бидам корисен. Мадрид е мојот град. Реал Мадрид ми даде сè и ми донесе толку многу. Сакам да се вратам во Мадрид и да живеам таму, изјави Модриќ за „AS“.
Хрватот на 9 септември ќе наполни 41 година, но и покрај неговата возраст тој е стандарден во тимот на Милан.
– Луѓето зборуваат за моите години од 2019 година. Тогаш велеа дека имам 33, 34 години, дека повеќе не можам да играм… Иако тогаш играв најдобар фудбал во мојот живот. После тоа, освоив уште две Лиги на шампиони, завршив трет на Светското првенство во 2022 година со Хрватска, стигнав до финалето на Лигата на нации и освоив други титули… Единственото нешто што е важно е што правиш на теренот. Не е важно дали имаш 18, 30, 40 или 50 години. Не е важно. Годините се само бројка, но луѓето ја претвораат во опсесија, додаде Модриќ.
Во својата кариера Модриќ има играно и за Тотенхем, Интер Запрешиќ, Зрињски и Динамо Загреб.



