Мојсовска не успеа да се пласира во финале, квалификациите ги заврши на 31. место
Редакција28 јул 2024

Македонската натпреварувачка Анастасија Мојсовска не успеа да се пласира во финалето, откако во денешните квалификации на воздушна пушка на 10 метри на Олимписките игри во Париз стигна до 31. место од вкупно 43 натпреварувачки.
Мојсовска која е државен рекордер на Македонија, го заврши натпреварувањето со 625,3 поени. Инаку во квалификациите беше поставен нов олимписки квалификациски рекорд на Хјоџин Бан од Јужна Кореја која заврши како првопласирана со 634,5 поени.
Мојсовска беше втората натпреварувачка од Македонија која натапи на ЛОИ во Париз. Вчера натпреварувањето го заврши младиот пливач 16-годишниот Никола Галетановиќ кој во квалификациите заврши како последнопласиран.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



