Му дозволија, Трамп ќе го додели пехарот на светскиот шампион!

Веста која и се очекуваше, официјално е потврдена – претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе присуствува на финалниот натпревар од Светското првенство во Њујорк, а по натпреварот лично ќе им го врачи победничкиот пехар на освојувачите на титулата, објави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Инфантино исто така ќе учествува на свечената церемонија по финалето на 19 јули, но во центарот на вниманието во најсвечениот момент ќе биде Трамп, кому ова нема да му биде првпат да му предаде важен фудбалски трофеј на победникот.
Да потсетиме, Трамп на Светското клупско првенство им го предаде трофејот на играчите на Chelsea FC, а потоа остана со лондонскиот тим на сцената додека го славеше првото место и на тој начин го украде шоуто.



