Му се допаѓа на Флик, бројот 9 на Барса може да биде Италијанец

Дресот со број 9 на Барселона останува еден од најпосакуваните во европскиот фудбал. Каталонскиот клуб и натаму го „мерка“ Хулијан Алварез како своја главна цел, идентификуван како наследник на Роберт Левандовски и идеален кандидат за водство на новата ера на Блауграна.
Преговорите со Аргентинецот, меѓутоа, остануваат сложени и поминувањето на деновите го тера раководството на шпанскиот клуб да разгледуваат конкретни алтернативи.
Меѓу имињата на масата на Барса е Николо Тресолди, напаѓач роден во 2004 година кој игра за Клуб Бриж, сметан како една од главните алтернативи на Алварез.
Според АС, младиот италијански центарфор е специјален фаворит на Ханси Флик, кој наводно го предложил неговото име на клубот ако договорот за Алварез не успее.
Роден во Каљари, но дел од младинската германска репрезентација У21, Тресолди има успешна сезона во Белгија; модерен напаѓач, но пред сè чист реализатор, способен да дејствува во шеснаесетникот, но и да му помогне на тимот да напредува.
Тресолди беше блиску до пови во првиот тим на Германија за Светското првенство, но тогашниот тренер Јулијан Нагелсман одлучи да го остави надвор од финалната листа: „Тој беше многу, многу блиску. Невообичаено блиску“, призна поранешниот тренер.



