Му се потсмеваа, но тој процвета по заминувањето од Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)
E R17 фев 2025

Фото: tv21m
Бразилецот Антони беше предмет на потсмев од фудбалските фанови додека беше член на Манчестер Јунајтед, а процвета по заминувањето од „Олд Трафорд“.
NO WAY ANTONY SCORES FOR BETIS AGAIN
— Janty (@CFC_Janty) February 16, 2025
Антони (24) во јануари пристигна на позајмица во Реал Бетис, каде што има фантастични перформанси и дури сега покажува зошто Јунајтед плати 95 милиони евра за него.
На четири настапи за Бетис, Антони има три гола и една асистенција, а синоќа постигна нов гол во победата на Бетис над Сосиедад во Ла Лига. Тимот од Севиља победи со убедливи 3:0, а Антони беше тој што го отвори резултатот со фантастичен гол во 51. минута.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



