SportM
Фудбал

Мурињо дал зелено светло, Елиф Елмас се враќа!?

E R4 дек 2024
Мурињо дал зелено светло, Елиф Елмас се враќа!?

Фото: tv21m

Ељиф Елмас се враќа во Супер лигата, објавија голем број турски медиуми.  Македонскиот репрезентативец кој не добива минутажа во Лајпциг, наводно донел конечна одлука. Ќе се врати онаму каде што започна неговата ѕвездена кариера, Фенербахче. Според турските медиуми, за враќање на Елмас зелено светло е дадено и од Жозе Мурињо, тренер на Фенербахче.

Ељиф Елмас, кој кариерата ја започна во тимот на Работнички, во 2017 година се пресели во Фенербахче за сума од 180 илјади евра. 25-годишниот играч, кој влезе во радарот на европските гиганти со својот настап во трскиот тим, во 2019 година се пресели во Наполи со трансферна сума од 17,7 милиони евра.  Македонскиот фудбалер неодамна потпиша за Лајпциг, еден од бундеслигашите, за 24 милиони евра минатата сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.