Мурињо го критикува Гвардиола: Некои имаат потреба од една година одмор, за мене тоа е слабост

Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола имаат судири многу години, особено во периодот кога едниот го водеше Реал Мадрид, а другиот Барселона. Полемиките меѓу нив беа многубројни и изгледа дека ќе продолжат, врз основа на последните изјави на Португалецот во неговиот документарен филм „Специјалниот“.
Сè е поврзано со одлуката на Гвардиола да земе една година одмор откако се повлече од Барселона и пред да потпише со Баерн Минхен во 2013 година. Мурињо вели дека тој самиот никогаш не би го направил тоа:
„Не можам ни да замислам кога би престанал да се занимавам со фудбал. Мислам уште 10 години, но можеби повеќе од 10. Забавно е, сакам да освојувам повеќе трофеи. Сакам да триумфирам на места каде не сум бил никогаш, сакам да го направам тоа и на места каде што веќе сум го направил.
Мојот свет е да влезам на фудбалски стадион со 50.000 или 90.000 навивачи. Имав случаи и со 100.000 навивачи, тоа е мојот свет. Без фудбал чувствувам дека нешто ми недостига, но не мислам дека е опсесија. Не го чувствувам како опсесија. Кога достигнуваш одредено ниво, едноставно сакаш да бидеш таму засекогаш“.
Мурињо верува дека повлекувањето за одреден период од клупата е знак на слабост: „Некои луѓе имаат потреба од една година одмор, нешто што го мразам. Ја мразам таа збор. За мене, една година одмор значи слабост. Не ми зборувајте за години одмор. Јас никогаш немам потреба да одмарам. Ќе одморам кога ќе умрам“.



