Мурињо не го сака, Ендрик веќе договара позајмица во јануари во Серија А
SPORTM.mk11 сеп 2026

Бразилецот Ендрик и тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изгледа дека немаат најдобри односи меѓу себе. Португалецот го претпочита Карлос Еспи повеќе како втора опција во нападот и за бразилецот недостасуваат минути овој почеток од сезоната.
Во оваа ситуација, во Мадрид веќе размислуваат за позајмица на Ендрик во текот на јануарскиот преоден рок. The Athletic открива дека можното одредиште на Ендрик се очекува да биде Серија А.
Два клуба многу заинтересирани за Ендрик се Рома и Милан, кои го бараа и за време на летниот преоден рок, но трансферот не успеа да се реализира.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



