SportM
Фудбал

Мурињо одбива да и се извини на Ева Карнеиро за „ќерка на ку*ва“: Докторка е исто како доктор…

SPORTM.mk10 авг 2026
Мурињо одбива да и се извини на Ева Карнеиро за „ќерка на ку*ва“: Докторка е исто како доктор…

Жозе Мурињо верува дека нема потреба да и се извини на Ева Карнеиро, поранешната докторка на Челзи, која за време на натпревар од Премиер лигата против Свонси, во сезоната 2014-15, ја нарече „ќерка на курва“, бидејќи таа задоцни со третман на Еден Азар крај линијата на теренот и го остави тимот со еден играч помалку во последните минути. Инцидентот заврши со заминувањето на Карнеиро и нејзината тужба против Мурињо и Челси.

Во новиот документарец на „Нетфликс“, насловен „Специјалниот“, Мурињо вели дека нема за што да се извини, иако Карнеиро изјави дека била сексуално дискриминирана.

„За мене, докторка е исто како доктор. Затоа, како секогаш, го користам мојот речник кога не сум задоволен. Има зборови што се кажуваат во моменти на многу, многу голем стрес. Нормално, луѓето со фудбалска култура, со фудбалска ДНК и со искуство во фудбалот, го поминуваат ова во секунда. Во тој случај беше поинаку“.

Мурињо исто така и рекол на Карнеиро „оди по ѓаволите“: „Не сум доктор, но со очи знам кога еден играч е повреден и кога не е. Знаев дека Азар не беше повреден, но таа и Џон Ферн, физиотерапевтот, влегоа на теренот и во тој момент останавме со 9 играчи“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.