Connect with us

Фудбал

Мурињо ризикуваше во мечот на сезоната: Луѓето можеа да ме убијат и мене и мојот играч

Секогаш темпераментниот Жозе Мурињо повторно „блесна“ на прес-конференцијата откако неговиот Фенербахче ремизираше на гостувањето кај Галатасарај во дербито од сезоната на турската Суперлига.

Иако на Фенербахче му требаше повеќе победа бидејќи e зад лидерот Галатасарај кој има шест бода на врвот на табелата, Мурињо е задоволен од ремито 0-0 бидејќи неговиот тим играше на гости. За разлика од речиси секој претходен меч, овојпат португалскиот тренер имаше само пофални зборови за судијата.

Натпреварот го судеше Словенецот Славко Винчиќ, кој за овој натпревар беше ангажиран од Турската фудбалска федерација.

“Тоа беше многу добар натпревар, а причината за тоа е многу добрата судиска изведба. Беше многу фер. Имавме 18-годишник во тимот, а противниците сакаа судијата да му покаже жолт картон уште од првата минута. Сепак, судијата беше недопирлив на овој натпревар и можеме да го сметаме резултатот добар бидејќи игравме на гостински терен”, рече Мурињо.

Португалецот потоа се осврна на 18-годишникот на кој мислеше, а тоа е младиот дефанзивец Јусуф Акчичек, кого го турна во оган од првата минута на дербито. Во свој стил искоментира дека ќе го убијат затоа што го турнал во игра, а младиот играч направил некоја грешка.

“Бевме многу добри во одбраната. Ако нашиот млад играч (Акчичек) погрешеше, луѓето ќеме убиеја и мене и него. Колку удари кон противничкиот гол имаа и колку корнери? Мислам дека тоа доволно зборува”, додаде Мурињо.

По ова дерби Галата остана убедлив лидер на шампионатот со шест бода повеќе од Фенербахче, кој има се помалку надеж да го престигне лутиот ривал во борбата за титулата.