Мурињо со порака за Рома: Емоции за кои можам да изразам само вечна благодарност

Два дена пред натпреварот помеѓу Рома и Реал Мадрид, Жозе Мурињо продолжува да ги доживува емоциите од топлиот пречек што му го приредија навивачите на „волчицата“ при неговото враќање во италијанската престолнина. Португалскиот тренер останува поврзан со клубот и со спомените од периодот кога ја водеше Рома.
Преку социјалните мрежи, тој испрати уште една порака до навивачите, изразувајќи благодарност за покажаната љубов: „Кога најубавите моменти од една долга кариера не се ни головите, ни победите, туку емоциите за кои можам само понизно да ја изразам мојата благодарност.
Ви благодарам, Рома! Ви благодарам, романисти! Вечни емоции и благодарност кон вас.” Зборовите на Мурињо сведочат дека неговата врска со навивачите на Рома останува силна, дури и по разделбата со клубот.



