Други спортови
На 36 години почина еден од најпопуларните бодибилдери, го викаа „Мутант“, а ги советуваше своите фанови да не се хранат како него
Светот на бодибилдингот загуби еден од своите најпопуларни членови, бидејќи на 36-годишна возраст почина Белорусинот Илија Голем, попознат како „Мутант“.
A Belarusian bodybuilder, whose daily diet amounted to 16,500 kcal, has died.
His wife announced that Ilya Golem Efimchuk (pictured) passed away on 6 September at the age of 36 due to heart failure.
Vaccine? pic.twitter.com/h0yZTHgo0B
— THEREALWORLDNOHOAX (@NOHOAX777) September 11, 2024
Неодамна починаа многу познати бодибилдери, а за жал Голем им се придружи на великаните како Матеус Павлак, Синтија Голдани и Антонио Лес Брас де Соуза, кои починаа за краток период. Иако не се занимаваше со професионален бодибилдинг, тој беше еден од најследените и активни спортисти на социјалните мрежи користејќи ги сите платформи. Причината за тоа беше големиот дневен внес на калории.
Илија Голем имал 165 килограми, а уште порано и самиот признал дека неговиот начин на живот не е здрав и дека ги советува своите следбеници да не го следат неговиот начин на живот, а тоа е огромен внес на калории дневно кој надминува 16.000 калории.