Други спортови
На атлетичарка со оштетен вид одземен бронзен медал на Параолимписките игри бидејќи му помогна на нејзиниот водич (ВИДЕО)
Шпанската маратонка Елена Конгост беше блиску до освојување на бронзениот медал на Параолимписките игри во Париз, но на своја кожа почуствува како е кога се следат суровите правила. Имено, Елена настапи во категоријата Т12, во која нормално спаѓаат лицата со оштетен вид и можат да разликуваат предмети во движење на растојание од еден метар. Шпанката ја мина целта на третото место, но беше дисквалификуван поради ситуација која се случи на само два метри понапред. Елена во еден момент го испуштила јажето што ја поврзувало неа и водичот кој и помогнал да ја заврши трката, сето тоа затоа што му се слошило и за малку ќе паднел на земја.
Elena Congost volvió hace unos meses tras un parón donde ha sido madre de cuatro niños.
Hoy ha terminado tercera, pero ha sido descalificada.
Ella ha priorizado ayudar a su guía al llegar a meta.
Estamos Inmensamente orgullosos de Elena y de Mia. #teamEspaña ❤️ pic.twitter.com/7z3WtGeZig
— Pilar Alegría (@Pilar_Alegria) September 8, 2024
Сепак, правилата во овој случај беа сурови па благородниот потег во оваа ситуација не беше награден. Инаку, ова беше петто учество на Елена на Параолимписките игри, а прво по осум години во Рио, каде што го освои златото во парамаратонската трка. Таа е сопственик и на сребро на 1.500 метри од Лондон во 2012 година, а сега се врати од пензија, со оглед на тоа дека од 2016 година направи пауза во кариерата, оттогаш има четири деца.