Connect with us

Фудбал

На денешен ден пред 33 години Панчев и Најдоски станаа „бесмртни“ (ВИДЕО)

На денешен ден, пред 33 години, Црвена Звезда стана европски првак со победата против Олимпик Марсеј по изведувањето пенали 5:3 (0:0) во финалето на Купот на шампионите во Бари. Црвено-белите на 29 мај 1991 година влегоа во историјата и направија успех каков што досега и оттогаш ниту еден клуб од овие простори не го постигнал. Во овој состав на Црвена Звезда настапија двајца македонски фудбалери, едни од најдобрите кои Македонија ги имала. Илија Најдоски и Дарко Панчев беа стандардни играчи на Црвена Звезда која во тоа време газеше дома и во Европа. Токму Панчев го погоди последниот пенал во серијата, по што беше хренат пехарот првак на Европа. А, освен Купот на шампионите во Бари, подоцна го освои и пехарот во светското клупско првенство во Токио.