SportM
Фудбал

На неколку кола до крајот, фудбалски тим се откажа од играње во Првата македонска лига!

E R29 апр 2025
На неколку кола до крајот, фудбалски тим се откажа од играње во Првата македонска лига!

Фото: tv21m

Воска Спорт нема да се наптпреварува повеќе во Првата македонска лига. Тие се револтирани, како што велат, од односот кон нив од страна на федерацијата и судиите. Поради тоа првиот човек на клубот Нефи Усеини одлучи да го повлече тимот од ПМФЛ.

Дојде одлучувачкиот момент, кога покрај постојаните неправди од страна на судиите, нашиот клуб беше погоден со најстрогата можна казна, во најкритичниот момент од сезоната. Одлука која беше сè друго, но не само спортска. Во овие услови, донесов тешка, но фер одлука да го повлечам клубот Воска Спорт од Првата лига. Немам намера да ги мачам чесните професионалци, фудбалерите, тренерите, техничкиот персонал со нефер игра. Бидејќи кога играш максимум, а за возврат добиваш неправда, болката е многу поголема од кој било пораз на теренот, вели Усеини.

Како што е познато, фудбалерите на Воска Спорт го напуштија теренот незадоволни на мечот со Вардар пред две кола.  Бодовите му беа доделени на Вардар. Поради ова клубот заработи казни од Дисциплинската комисија на ФФМ, а тоа се следнове:

ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар АД во рамки на 28. коло од Прва МФЛ;

ФК Воска Спорт АД се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација на натпреварот со ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;

Нефи Усеини – претседател на ФК Воска Спорт АД се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 (две) години и парична казна во износ од 1.500,00 евра. Дисциплинската мерка е исречена поради наговарање, односно повикување за повлекување на екипата на ФК Воска Спорт АД на натпреварот против ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;

Тренерот на ФК Воска Спорт АД, Арбри Клодиан е казнет со 2 (две) години забрана за вршење функција, додека капитенот на ФК Воска Спорт АД, Агон Хани доби казна – забрана за настап 1 (еден) месец;

Овие казни се причината за повлекувањето од ПМФЛ.

Инаку, до крајот мечевите кои требаше да ги игра овој тим, противниците ќе ги добиваат на зелена маса односно со службен резултат од 3:0.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.