На трансродовите спортистки им е забранет настап на Олимписките игри во 2028 година

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) донесе одлука дека на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година правото на настап во женските категории ќе биде ограничено исклучиво на биолошки жени, пренесува Би-Би-Си.
Настапот на трансродови спортистки со ова ќе биде забранет, а сè ќе се утврдува со еднократно генетско тестирање.
Оваа одлука претставува радикален пресврт во однос на досегашниот пристап и крај на ерата во која поединечните спортски федерации самостојно ги носеа правилата.
BREAKING: Trans women athletes are banned from the Olympics by a new IOC policy on female eligibility. https://t.co/ZgLxRn9DO9
— The Associated Press (@AP) March 26, 2026
„На Олимписките игри дури и најмалите разлики можат да бидат разлика меѓу победа и пораз. Апсолутно е јасно дека не би било фер биолошки мажи да се натпреваруваат во женска категорија. Освен тоа, во некои спортови тоа едноставно не би било безбедно“, изјави претседателката на МОК, Кирсти Ковентри.
Клучен елемент е воведувањето на задолжителен, еднократен генетски тест за сите спортистки кои сакаат да се натпреваруваат во женската категорија.
Со тестирањето ќе се утврдува присуството на SRY генот, дел од Y-хромозомот кој го поттикнува развојот на машките карактеристики, па така спортистките кај кои тестот ќе биде негативен на SRY генот трајно ќе ги исполнуваат критериумите за настап.



