SportM
Фудбал

Најавен како екстра засилување, заминува како големо разочарување, Родригез „раскина“ со Вардар: Се чувствувам ослободено!

Редакција3 сеп 2026
Најавен како екстра засилување, заминува како големо разочарување, Родригез „раскина“ со Вардар: Се чувствувам ослободено!

Жерсон Родригез, поранешен репрезентативец на Луксембург и своевремено најдобар стрелец во таа лига, во Вардар пристигна летово како големо засилување. Сепак, не помина долго време, тој заминува од Вардар. Уште од синоќа преку Инстаграм објавуваше видеа каде ги информираше своите фанови и следбеници за состојбата со клубот. Откако објави видео во кое порача дека се наоѓа во клупските простории на Вардар и разговара околу неговата иднина, неколку часа подоцна, објави ново видео во кое порача дека се е завршено и дека е слободен, односно дека ја завршил својата епизода во Вардар.

-Се чувствувам ослободено. За мене се отвора ново поглавје, ќе одам некаде каде ќе се чувствувам како дома и нема постојано да гледам преку рамото, само да се чуствувам како дома, само да се чуствувам сакано, порача преку социјалните мрежи Родригез.

Родригез дојде летово во Вардар, но по само неколку мечеви, беше остранет од тимот, а тренираше и одвоено. Еден од проблемите, кои станаа познати во јавноста, е моментот кога Родригез во карантин ја донел својата девојка, додека сите останати фудбалери ги испочитувале правилата на клубот. Тој потоа беше остранет од екипата, не беше во составот за мечевите, а тренираше одвоено.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.