Најлудата приказна во фудбалот, бебето кое Меси го бањаше, сега му е најголем ривал (ФОТО)

Финалето на Светското првенство е закажано за недела во 21 часот, а за трофејот ќе се борат Аргентина и Шпанија. Средбата меѓу овие две селекции е полна со симболика, пишување нови страници во историјата, но и со една посебна приказна. Популарната фотографија на која Лионел Меси малку несмасно капе бебе, додека позира за годишен календар, всушност е фотографија со Ламин Јамал.
Неверојатната приказна се случила во 2007 година, токму кога Меси почнал да се појавува како светска фудбалска ѕвезда, но и во периодот кога се родила идната планетарна ѕвезда. Всушност, оваа приказна е толку уникатна што едноставно не може да се измисли.
Ламин Јамал и Лионел Меси
Средбата меѓу Шпанија и Аргентина ќе биде првата во историјата на Светското првенство во која ќе играат актуелните европски и јужноамерикански шампиони. Тоа ќе биде и само вторпат во историјата кога ќе се сретнат селекции од шпанско говорно подрачје, откако првиот таков случај се случил во 1930 година.
И кога се чинеше дека случувањата на теренот не можат да бидат поинтересни, пристигнува приказната за Лионел Меси и Ламин Јамал.
Бебето во рацете на Лионел Меси всушност е шпанското фудбалско чудо од дете – Ламин Јамал. На фотографијата може да се види Аргентинецот како го капе бебето, додека малото момче делува збунето од ситуацијата во која се нашло.
Постојат и други фотографии, а на една од нив се гледа мајката на Ламин Јамал, додека идниот играч на Барселона задоволно се насмевнува. Друга фотографија го прикажува Меси како го држи бебето во раце, па освен заклучокот дека магијата на Меси била пренесена и на Ламин Јамал, тешко е да се најде друго објаснување.
Како настанале фотографиите на Лионел Меси и Ламин Јамал?
Во 2007 година се случил историски момент, а никој тогаш не бил свесен за тоа. Идејата всушност била фотографирање за годишен календар.
Во декември каталонскиот весник „Спорт“, во соработка со Барселона и УНИЦЕФ, започнал проект за хуманитарен календар.
Идејата била ѕвездите на Барселона да се фотографираат со бебиња, а подоцна календарот да се искористи за собирање средства за хуманитарни цели.
УНИЦЕФ неколку месеци избирал семејства од Каталонија кои ќе бидат дел од проектот, а за изборот да биде целосно фер, меѓу заинтересираните родители била организирана лотарија. Била извлечена токму семејството на Ламин Јамал.
Но, тука не завршува приказната. Не било познато со кого ќе се фотографира момчето, а кога семејството пристигнало на „Камп Ноу“, имало што да види – нивниот син бил доделен на никој друг туку на Лионел Меси.
Овој момент го овековечиле фотографите Жоан Монфорт и Ориол Каналс.
Едно е сигурно – Лионел Меси не можел ни да замисли дека во рацете држи бебе кое две децении подоцна ќе стои спроти него, и тоа не каде било, туку во финале на Светско првенство!
Поврзано
Поврзани вести

Аргентинците со оклопно возило излегоа на улица да ја слават победата над Англија (ВИДЕО)

Херојот на Аргентина се заплака пред камерата: Отсекогаш го сонував овој момент (ВИДЕО)

