SportM
Други

Наковска Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри!

Редакција4 сеп 2024
Наковска Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри!

Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Париз, Оливера Наковска – Бикова, го заврши денеска настапот појавувајќи се на стрелиштето во дисциплината пиштол слободен избор од 50 метри во мешани двојки.

Во конкуренција на 29 учесници во машка и женска конкуренција, Наковска – Бикова го освои 17 место.

Македонската параолимпијка постигна резултат од 526 кругови што на крајот се покажа недоволно за пласман меѓу првите осум и место во финалето.

Претходно на Параолимписките игри во Париз, Наковска – Бикова, која го освои златниот медал на Игрите во 2012, настапи во финалните серии со пиштол од 10 м во женска конкуренција и во финалето со пиштол од 25 м мешано, освојувајќи го во двата наврати осмото место.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.