SportM
Фудбал

Наполи со Конте газеше, ама до денеска кога беше прегазен од Аталанта (ВИДЕО)

E R3 ное 2024
Наполи со Конте газеше, ама до денеска кога беше прегазен од Аталанта (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Наполи со доаѓањето на Антонио Конте победуваше се пред себе, освен во првото коло. Но, тоа беше до денеска, кога на домашен терен беше прегазен од Аталанта, која славеше со 3:0. Тимот од Бергамо во Неапол дојде со низа од четири победи по ред во Серија А, а денеска ја забележа петата против лидерот во лигата. Локман во 10-та и 31-ва беше стрелец на два гола, а конечните 0:3 ги постави Ретеги во 92-та минута. За формата на Аталанта говорат и резултатите. На последните пет меча, забележаа пет победи со 18 постигнати и само два примени голови. Во моментов Наполи е прв, Аталанта е втора на табелата.

Standings provided by Sofascore
Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.