Настапи само една сезона, 26-годишниот посакува да се врати во Барселона. Ханси Флик ја има во раце неговата судбина

Жоао Феликс јавно ја изрази својата желба да се врати во Европа, а конкретно во Барселона, каде што беше позајмен за сезоната 2023-2024. Неговиот тековен договор со Ал-Наср истекува во јуни оваа сезона и португалската ѕвезда одлучи сега за заминување.
Во интервју за шпанските медиуми минатата недела, Жоао Феликс откри дека одсекогаш му била сон да игра за Барса, сон што го оствари и што може да се повтори по девет месеци.
Понатаму, неговиот агент е Жорж Мендеш, кој го донесе Жоао Кансело на „Камп Ноу“ минатото лето преку слична операција, иако во овој случај работите ќе бидат поедноставни бидејќи нема вклучен постоечки договор.
Сега Ханси Флик ќе ја даде конечната одлука, но враќањето на Португалецот во Барселона изгледа дека има многу малку шанси да се случи реално. Раководството на каталонскиот клуб има други приоритети на трансфер пазарот и позицијата што ја покрива Жоао Феликс е комплетирана во Барселона со имиња како Фермин Лопез или Дани Олмо.



