Connect with us

Фудбал

Навивач на Конго хит на Африканското првенство – еве зошто целиот натпревар стои како статуа (ВИДЕО)

Африканскиот куп на нации е познат по необични, па дури и бизарни појави, а една од нив е радио водител од ДР Конго кој стана вирален поради начинот на кој ги следи натпреварите.

Имено, Кука Муладинга го следеше натпреварот против Боцвана стоејќи неподвижно облечен во одело со високо подигната рака.
Иако публиката околу него танцуваше и славеше голема победа на ДР Конго со резултат 3:0 за пласман во нокаут-фазата, неподвижниот Муладинга не трепна.

Држава која никогаш во историјата не победила на Африканскиот куп се пласираше во нокаут-фазата. Перформансот го изведе за да му оддаде почит на најславниот сонародник – Патрис Лумумба, инаку лидер на борбата за независност на ДР Конго од белгиската колонијална власт.

Лумумба успеа во тоа и стана прв премиер на независниот Конго, но беше убиен во 1961 година по воен удар на 36-годишна возраст.

Муладинга го имитираше со став и поза на втор натпревар по ред, бидејќи истиот перформанс го прикажа и за време на првиот натпревар во групата против Сенегал.