Connect with us

Фудбал

Навивачи на германски клуб собраа милион евра за 48 часа и го спасија клубот од згаснување

Дека љубителите на фудбалот во Германија се секогаш со своите клубови, дури и во најтешките моменти, покажува и примерот на четвртолигашот ВфБ Либек, кој беше пред згаснување.

Либек, клуб од северот на Германија, објави дека е пред банкрот, и дека мора да собере милион евра за 48 часа за да се спаси. Навивачите на Либек веднаш реагираа и во експресниот рок ги собраа потребните пари и го спасија клубот од згаснување. Имено,во неделата  навечер, претседателот на клубот Дитер Гудел објави дека повеќе од 4.000 навивачи донирале пари, како и дека се собрани милион евра, што го спасило клубот. По 18 одиграни натпревари, Либек е на десеттото место во Регионалната лига Север со 25 бода, седум повеќе од зоната за испаѓање.