Кошарка
Навивачите на Далас со мртовечки ковчег за Лука Дончиќ: Тој им се заблагодари, а тие вака му вратија (ВИДЕО)

Нема некој што не се огласил за трејдот на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс од Далас Маверикс. Пишуваа суперѕвездите на НБА, а самиот Лука се огласи на полноќ и не кажа ни збор за трејдот, туку најмногу им се заблагодари на навивачите.
Нема некој што не проговорил за трејдот на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс од Далас Маверикс. Пишуваа суперѕвездите на НБА, протестираше Саша Дончиќ, а самиот Лука се огласи на полноќ и не кажа ни збор за трејдот, туку најмногу им се заблагодари на навивачите. Се огласија и фановите, и тоа со ковчег!
Голем протест одржаа навивачите на Далас Маверикс пред статуата на Дирк Новицки во комплексот „Американ ерлајнс центар“ каде Далас ги игра своите игри. Имаше многу навивачи со дресови на Лука, кои протестираа, а видовме и знаци како „најлошата франшиза досега“.
Посебно вознемируваше детаљот кога навивачите го донесоа ковчегот! Тие решија да протестираат на овој начин и со ковчег со логото на Маверикс покажаа дека веруваат дека нивниот тим е готов по овој потег. Видете:
Се огласија и фановите, и тоа со ковчег! Голем протест одржаа навивачите на Далас Маверикс пред статуата на Дирк Новицки во комплексот „Американ ерлајнс центар“ каде Далас ги игра своите мечеви. Имаше многу навивачи со дресови на Лука, кои протестираа, а видовме и знаци како „најлошата франшиза досега“. Посебно вознемируваше детаљот кога навивачите го донесоа ковчегот! Тие решија да протестираат на овој начин и со ковчег со логото на Маверикс покажаа дека веруваат дека нивниот тим е готов по овој потег.