SportM
Фудбал

Навивачите на Галатасарај во два часот наутро ги будеа фудбалерите на Ливерпул со пиротехника и огномет (ВИДЕО)

E R30 сеп 2025
Навивачите на Галатасарај во два часот наутро ги будеа фудбалерите на Ливерпул со пиротехника и огномет (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Фудбалерите на Ливерпул имаа непријатно искуство во Истанбул во пресрет на вечерашниот натпревар од Лигата на шампиони против Галатасарај, кој е закажан за 21:00 часот.

Имено, навивачите на турскиот великан во текот на ноќта испукале огномет пред хотелот каде што е сместен тимот на Арне Слот, обидувајќи се да им го нарушат мирот пред важниот меч.

На социјалните мрежи се појавија снимки направени околу 2:00 часот по полноќ, на кои се гледа како небото над хотелот го осветлуваат ракети, проследени со оглушителни експлозии.

Целта била јасна — да се наруши сонот и одморот на фудбалерите на Ливерпул, меѓу кои се и големи ѕвезди како Мохамед Салах, Александер Исак и Флориан Вирц.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.