Connect with us

Фудбал

Навивачите на Интер има да ги колнат Арнаутовиќ и Бисек, имаа се во свои раце, а потоа шок (ВИДЕО)

Титулата во Серија А, ќе се решава во последното коло, а според најавите од Италија, мечевите Комо – Интер и Наполи – Каљари ќе се играат во петок со почеток во 20:45 часот, за во недела евентуално ако овие две екипи имаат ист број бодови, да се игра „мајсторка“.

Еден бод е разликата помеѓу лудерот Наполи и второпласираниот Интер. Ниту една од овие две екипи во неделата не победи. Наполи одигра 0:0 против Парма, а Интер на домашен терен имаше се во свои раце против Лацио (2:2), па со евентуална победа би избил на првото место на табелата со бод предност. Сепак, навивачите на Интер доколку титулата не биде освоена, а големи се веројатностите тоа да се случи, ќе ги колнат Бисек и Арнаутовиќ. Првиот поради тоа што играше со рака во 88-та минута во својот шеснаесетник, непотребно, па Педро го реализираше пеналот за 2:2, а вториот имаше една голема шанса при 2:2, но ја промаши целата топка, а потоа играше со глава при шутот на Карлос Агусто по центаршитот на Кореа, иако беше во офсајд. Со оглед на тоа дека голманот на Лацио беше на земја, а топката одеше во рамките на голот, голема веројатност беше Интер да го завршеше мечот со 3:2. Сепак, останува уште последното коло, но шансите за титула на Интер се минимални.