Навивачите на Партизан со навреди на мечот со Вардар: Грчко знаме, стара Србија, никогаш Македонија, бугарски војник!
Редакција28 фев 2023

Фото: tv21m
Партизан во Белград го совлада Вардар со 28:22 во СЕХА лигата. Сепак, резултатот за македонската јавност падна во втор план, поради недоличното однесување на навивачите на Партизан на овој меч, популарните „Гробари“. Имено, тие на трибите развиорија грчко знаме како провокација, а потоа следуваа скандирања како што се: Стара Србија, никогаш Македонија. Гоце Делчев е Бугарин и слично.
Воедно „Гробари“ истакнаа и транспарент на кој пишуваше: Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на паролата на Гробари.
Транспарент имаа и „Комити“ на кој пишуваше „Живо ви е кралството, исто колку и другарството“
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



