Connect with us

Фудбал

Навивачите на Сити скандираа „Каде е златната топка“, а Винисиус им одговори на овој начин!

Уште пред почетокот на мечот, навивачите на Сити го испровоцираа Винисиус Јуниор со транспарент на кој се гледа како Родри ја бакнува Златната топка, придружен со стиховите на бендот Oasis: Престани да плачеш толку. На социјалните мрежи англискиот клуб веќе сподели три фотографии од пристигнувањето на мадридскиот тим, а на една од нив се гледа бразилскиот интернационалец покрај плакат на Родри со Златната топка.

„Го видов транспарентот од навивачите на Сити и тоа уште повеќе ме мотивираше. Секогаш кога противничките навивачи ќе направат нешто такво, тоа ми дава дополнителна сила да одиграм одличен натпревар. Тие ја знаат нашата историја, се што постигнавме на ова натпреварување. Иднината? И јас не знам ништо, никој не зборуваше со мене, морам да зборувам со претседателот и се надевам дека ќе останам тука, изјави Винисиус кој е прогласен за играч на мечот, бидејќи асистираше за победничкиот гол кој го постигна Белингам, но и за 2:2 по неговиот шут, Диаз постигна гол.