Не е нашиот стил да плачеме за повредите, тоа се последиците од елитниот фудбал, вели Енрике

Париз Сен-Жермен е потресен од веста дека клучните напаѓачи, Десире Дуе и Хвичa Кварацхелија, ќе отсуствуваат до крајот на сезоната поради исти повреди на коленото.
И покрај силниот удар врз составот на неговиот тим, тренерот Луис Енрике останува решителен и оптимист за иднината на клубот, како во Лига 1 така и во Европа. „Задоволни сме од нашиот тим“, изјави шпанскиот тренер.
Говорејќи пред натпреварот од Лигата на шампионите против Рома, тренерот на ПСЖ изрази доверба дека неговиот актуелен состав може да се справи со овие потешкотии. „Немаме потреба да ангажираме играчи во трансферниот период. Не е нашиот стил да земаме играч само за шест месеци,“ рече Луис Енрике.
„Пред сè, не се плашиме од ништо. Имаме доверба во нашите способности, во нашата стабилност. Ни е жал за играчите кои се повредени, но нашата мотивација е повторно да доживееме прекрасни моменти со нив континуирано“, изјави тренерот на ПСЖ.
Тој додаде: „Нема да почнеме да плачеме и да се жалиме. Ова е фудбал на највисоко ниво. Сите тимови и сите тренери го знаат тоа. Повредите се случуваат. Овој тим ја покажа својата целосна стабилност во текот на последните три години“.
„Ние секогаш знаевме повторно да се издигнеме. Во моментов ова е предизвик и треба да останеме мотивирани за да продолжиме да се подобруваме. Овој натпревар ќе биде сосема различен од сè што сме доживеале претходно“, рече Енрике, кој некогаш ја водеше Рома.“
„Мојот период во Рома беше многу посебен за мене, имам убави спомени. Тоа е величествен град. Доживеав прекрасни работи таму како тренер и сум во мир со сè што ми се случило за време на престојот таму“, заврши шпанецот.



